|

|
За Детската клиника
компјутер од "Нико"
Под мотото “Помагајќи им
на другите , градиме подобра иднина“ новогодишниот караван
на Фондацијата Т-МОБИЛЕ и локалниот клуб на Црвениот Крст од
Скопје вчера ги посетија децата од детската клиника заболени од
рак и леукемија. Во пресрет на
Новогодишните и божикните празници на хематоонколошкиот оддел во
Детската клиника за најмладите се донираше компјутер, енциклопедии
и хигиенски производи. Од Фондацијата Т-Мобиле за Македонија им се
заблагодаруваат на донаторите, компанијата "Нико Компјутери",
"Виола" и "Просветно Дело" што овозможија да
се поделат овие новогодишни донации . Карванот ќе продолжи во
Неготино, Кавадарци и Гевгелија, каде ќе им бидат поделени
новогодишни пакетчиња на децата со посебни потреби.
(В. Ма.)
|