ПРЕДМЕТ : Услови за дилер

 

Пред се би сакале да Ви се заблагодариме за вашиот избор за соработка со фирмата НИКО КОМПЈУТЕРИ  и воедно да Ве запознаеме со условите кои би требало да ги исполните.

Во фирмата НИКО Компјутери постојат два вида на “привилегирана соработка”.

 

A) Дилерство во Скопје

B) Продавница на НИКО Компјутери низ Македонија ( NIKO eshop )

 

 

A) Под дилерство во Скопје се подразбира:

 

1.       Да имате телефон,факс,маил, за комуникација.

2.       Услов е месечно да повлекувате минимум роба од 3.000 ЕУР, за која ќе добиете соодветен дилерски рабат. Значи првата нарачка во НИКО треба да биде поголема од претходно наведената сума за да се стекнете со правото дилер. Дилерскиот рабат варира во зависност од приликите,ситуацијата т.е. интересот на пазарот,цените на светскиот пазар и нормално во зависност од вашите постигнатите резултати. Дисконтинуитет во продажбата смее да се појави во најмногу три месеци последователно за што НИКО Компјутери ќе има флексибилност и разбирање.

По истекот на предвиденото време, НИКО Компјутери го задржува правото да го прекине вашиот статус на дилер или да го продолжи што повторно ќе зависи од приликите.

3.       Да ветувате само она што е реално и што можете да го исполните. Постојано да се информирате за она што ние можеме да го исполниме спрема Вас.

4.       Љубезно да се однесувате со потенцијалните клиенти.

5.       Навремено да реагирате за неисправната роба донесена на сервис, односно навремено да ја пријавите во нашиот сервис со цел да имаме време да ја сервисираме или евентуално замениме.

6.       Постојано да се придржувате до златното правило – “Муштеријата е секогаш во право”.

7.       Набавката на роба од нашата фирма се врши со плаќање однапред, а робата ќе  може да ја подигнете истиот или наредниот ден.

 

     За возврат НИКО Компјутери ќе ви овозможи:

 

1.       Навремено добивање на дилерските рабати и нивна евентуална промена.

2.       Лозинка (password) на нашиот сајт со преглед на сите ценовници и компјутерски компноненти од широкиот спектар со кој располагаме.

3.       Каталози од нашите продукти како и рекламен материјал со кој располагаме во моментот.

4.       Припрема,совети,дообјаснувања и сите останати работи врзани за продажбата,сервисот и услугата на идните коминтенти.

5.       Редовно известување за лагерот т.е. продуктите со кои располагаме и нивната евентуална промена и др.

 

 Доколку ги прифаќате овие услови Ве молиме писмено да не известите,т.е. пополнето го формуларот. 

 

 

Лице за контакт:  

Медарски Александар

alek.m@niko.com.mk

 

 

   Б) Продавница НИКО Компјутери во вашиот град:

 

Доколку сакате во вашиот град да отворите продавница под  логото НИКО, во тој случај првенствено потребно е да :

  1. Имате изнајмено или купено дукан минимум 60м2 и парични средства во висина од 6.000 ЕУР наменети за набавка на роба.

  2. НИКО Компјутери не инвестира во опрема за да ви го наполни дуканот.

  3. Вкупниот месечен обрт мора да ви биде поголем од 15.000 ЕУР месечно, во споротивно инвестицијата нема да биде исплатлива и за двете страни.

 

Доколку може да ги исполните горенаведените услови НИКО ќе ви го овозможи следново :

 

1. Права да продавате под име НИКО Компјутери.

2. Бесплатна обука на ваш сервисер, и целосна подршка да се справите со сите проблеми од секаков тип.

3. Price Protect - НИКО ви гарантира дека доколку во договорениот рок ( 30 дена ) не успеете да ја продадете робата, истата можете слоодно да ја вратите во НИКО и притоа да ги добиете вашите пари во целост, бидеќи за вашата инвестицијата несмее да пропадне.

4. Ќе бидете вклучени во сите маркетинг кампањи на НИКО ( весници, телевизии, радја, билборди )

5. Беплатен маркетинг материјал и стручна литература со цел да имате беспрекора наобразба.

6. Продажба на 48, 36, 24 или 12 рати, есконтација на чекови, мастер, дајнерс и сл..

6. Одложено плаќање

7. Кредитна рамка - дефинирана според вашиот обрт

8. и уште многу други отстапки .....одложено плаќање ....

 

 

 Доколку ги прифаќате овие услови Ве молиме писмено да не известите,т.е. пополнето го формуларот. 

 

НАПОМЕНА: Кредитна нота т.е. можност за одложено плаќање имаат само дилерите со веќе стекнато поверение.

 

Лице за контакт:

Робертино Христов  
robi.h@niko.com.mk